Распишан тендер за концесии за геолошки истражувања на минерални суровини

Bez autora
Dec 19 2012

Владата распиша најголем досега единечен јавен повик за добивање на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Јавниот повик трае до 21 јануари. Распишан е за вкупно 72 локации каде ќе се вршат деталните геолошки истражувања за минерални суровини, од нив 36 локации за неметалични минерални суровини, 31 локација за металични минерални суровини, четири локации за украсен камен и една локација за геотермални води. Право на учество на овој јавен повик за геолошките истражувања, како што информираше Ѓорѓиев, имаат домашни и странски правни и физички лица и конзорциуми кои ќе ги исполнат критериумите распишани со јавниот повик. Почетната цена за добивање на концесијата е 60.000 денари, а ја добива оној кој ќе понуди највисока цена. Потоа тој има право на истражувања, а потоа и на експлоатација на најдената суровина.

Распишан тендер за концесии за геолошки истражувања на минерални суровиниВладата распиша најголем досега единечен јавен повик за добивање на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини, информираше во среда владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Јавниот повик трае до 21 јануари. Распишан е за вкупно 72 локации каде ќе се вршат деталните геолошки истражувања за минерални суровини, од нив 36 локации за неметалични минерални суровини, 31 локација за металични минерални суровини, четири локации за украсен камен и една локација за геотермални води.

Право на учество на овој јавен повик за геолошките истражувања, како што информираше Ѓорѓиев, имаат домашни и странски правни и физички лица и конзорциуми кои ќе ги исполнат критериумите распишани со јавниот повик.

Почетната цена за добивање на концесијата е 60.000 денари, а ја добива оној кој ќе понуди највисока цена. Потоа тој има право на истражувања, а потоа и на експлоатација на најдената суровина.

Ѓорѓиев најави дека во првата половина на јануари ќе биде објавен јавен повик за директна експлоатација на околу 30ина локалитети, а финалната листа ќе биде утврдена на следната седница на Влада.

Почетната цена за добивање концесија ќе биде 120.000 денари, а ќе се одвива по пат на електронска аукција што е новина во системот која ќе обезбеди транспарентност и конкурентност.

За дополнително уредување на оваа дејност и нејзин развој, Владата одлучи од 1 јануари 2013 година да започне со работа новооснованиот Геолошки завод.

За директор на Геолошкиот завод Владата го назначи д-р. Гаврил Мираковски - дипл.инж.геолог-геофизичар - со богато професионално минато, сериозни стручни и научни референци, и со работно искуство во Геолошкиот завод - Институт за истражување на минерални суровини и 32 годишен стаж во ИЗИИС-Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik